Ask

Жанр: Hardcore Rap; Hip Hop;

   Аск е артист кој доаѓа од центарот на градот Скопје и е мераклија на стариот бум бап звук од деведесетите. Член е на групацијата Шок Соба Сквад кон која се приклучува на крајот на 2013 година. Таму ја издава и првата своја студијска снимка под продукција на Коска, која носи наслов “Лош Правец”. Позади себе има голем број на издадени нумери, но и голем број на соработки како на примеp со: Патолошко Соединение (Grow, Barkli), Биг Мек, Крајм (Станица 048), Нејмлес, Weed Flavor (Колумбија), Царос, и други. Официјално албумско издание сеуште нема, но работи на него. 
   Издадените песни се под продукција на Коска (Шок Соба Рекордс), Dimiography (Dimiography Records) и Grow (Не Прашуј).
Аск активно зема учество и во разни проекти како што е проектот БонТон На Рап Тон“,“Лирички Борби“ во емисијата Воспитна на ДНС радио (второ место), итн.
Позначајни настани на кој има учествувано:

  • Универзална сала (2013)    
  • Зимска Хавана (2014)
  • Мкц (2014) 
  • Летно Кастро (2014)
  • Парк Струга (2014)
  • Пиволенд  (2014)
  • Коноп Фест 2 (2015)
  • Коноп Фест (2015)
  • Пиволенд  (2015)
  • Летна Хавана (2015)