Bob Mc

Жанр: Hardcore Rap, Hip – Hop

      Bob MC своите почетоци во рапот ги има во 2005/2006 година кога заедно со Big G ја оформуваат групата  NLO, за потоа истата да биде прекрстена во Dubble B. Овој е демо период, песните се снимани во домашни услови. Првите посериозни обиди ги имаат кон крајот на 2007 година кога ја снимаат и првата студиска песна. Во 2008 година името на групата е променето во Концепт и функционираат како дел од Boys From The Hood.
      Поради приватни причини Big G во 2011 година се повлекува од групата, a Bob MC продолжува да снима соло. Издава доста песни од кои дел се соработки, најчесто со рап групата Поетика но и со други групи од Битола како: Стиховно Војување, Триумф, Генго, Агато и Ненад Вржалски. Како дел од Boys From The Hood имаа многу настапи.
      Bob MC освен што е активен како рап артист, тој е и водител на Мак Рап - емисија која се емитува на Укло Фм веќе две години и има повеќе од 80 епизоди.  Како блиски соработници во Мак Рап емисија се Дејан (монтажа) и Јове (водител) од Поетика.