FAM.

Жанр: Hip Hop, Crunk, Hardcore

Издавачка куќа: Внатре Во Кругот Рекордс (Неофицијална)

Членови: Владимир “Face Off” Наумовски,Виктор “Tasev” Тасески

   FAM. (Family) е рап група основана во 2002 година од страна на Face Off, Tasev и Big. Идејата за оформување на рап група доаѓа од љубовта што ја имаат кон културата наречена hip hop. Како артисти го застапуваат “CRUNK” стилот и се меѓу ретките рапери во Македонија кои го изведуваат. Имаат влијание од повеќе странските артисти, како што се: Tech N9Ne, Three 6 Mafia, Project Pat, Lil' Jon, 8Ball & MJG, Krizz Kaliko, DMX, Ice Cube, 2Pac, Dr.Dre, Xzibit, Slim Thug, David Banner, Jeezy.... и многу други.

   Кога станува збор за  журки и настани, имаат настапувано на повеќе места во Скопје и низ Македонија. Дел од местата и настаните на кои имааат настапувано:

  • Вулкан
  • Кастро
  • Денови на МКЦ
  • Машински Факултет

   Аудио и видео материјалите ги работат сами. Поточно Face Off е задолжен во делот на снимање и постпродукција. Инструменталите и текстовите ги работат сите заедно, како група. Карактеристично е што секој член од групата паралелно е и активен како соло артист. 
   FAM. имаат снимено два видео записа за песните “Што Се Случува” и “FAM. Show” и имаат остварено соработки со повеќе артисти и групи од Македонија, како што се: 2 Fast, Казна, West Destination, Snoopy Mc и Getilot..


   Дискографија:

  • FAM. – Препознатливи По тилот (2011)