Generik

Жанр: Hip Hop

Email: trajce_xxx@hotmail.com

   GeneriK (Трајчо Гогов) е рап артист со македонско потекло кој  живее во Biel Bienne (Швајцарија). Започнува да се занимава со рап во 2007-та година. Тогаш познат под уметничкото име Real MC ја снима и својата прва песна. Од 2007 - 2008 година Real MC го снима и првиот демо албум Real MC - Catch The Money  кој е работен во домашни услови. Во истиот период станува и дел од Струмичката рап група S.N.G. со која реализира неколку заеднички нумери. Пресвртот го доживува кога го оформува своето студио Sympathique Records, од тогаш до денес тој работи како соло артист.

   Во 2013 година го менува своето уметничко име во GeneriK. Издава доста нумери од кои еден дел се соработки со истакнати рап артисти како: Ago (MK), Tic Dee (CH), Sigi (MK), Vendosje (CH). Кон крајот на 2015 година го издава и својот нов сингл насловен како “Фокус“ на кој се појавува еден од легендарните германски рап артисти Alpa Gun.