Locos Zhelezaros

Жанр: Hip Hop

Членови: Sale G,Deks,Error

   Locos Zhelezaros е скопска рап група која започнува да функционира во 2013 година. Составена е од 3-ца артисти, Sale G кој се јавува и како продуцент, Декс и Ерор. Идејата за оформување на група паѓа по снимање на нумерата што носи насловот “Locos Zhelezaros “, која е снимена во студиото на Коска - Шок Соба. Во тој периот тие функционираат сеуште како соло артисти. Другарувањето и нивната прва заедничка нумера се главен фактор кој влијае за оформување на група која го носи истото име како заедничката нумера “Locos Zhelezaros “. По извесен период Sale G решава и прави аудио студио каде што тие започнуваат сериозно да работат. За краток период од две години издаваат два албума каде што обработуваат теми кои се инспирирани од многу алкохол, жени како и теми каде што на саркастичен начин ги исмејуваат луѓето со нивните балкански навики. Соработуваат со артисти како Секачот, Жиле и Алекс.

   До 2016 година тие работат на најразлични проекти, од кои може да издвои проектот против загадувањето од фабриката Железара за што и беше изработена хип хоп нумера која прерасна во химна на секој протес  “Стоп За Фабриката Железара“.


   Дискографија:

  • Локос Железарос - Мушка Вода (Албум 14 траки) - 2013 год.
  • Локос Железарос - Радијација (Албум 10 траки) - 2014 год.