MC Arsa

Жанр: Hardcore Rap

   MC Arsa е вљубеник во Македонскиот рап уште од 2003 година, кога и ги пишува првите текстови. Неговата првата студиска снимка е направена во 2005 година во Битола, тогаш воедно го имал и својот прв настап. Бил член на групата "Момент", која била проширена рака на формацијата "Раптори". Во 10 годишната кариера Arsa сеуште нема издадено официјален албум, меѓутоа може да се пофали со повеќе демо и студиски нумери, како и еден спремен снимен проект кој сеуште чека да биден издаден. Соработува со повеќе македонски артисти, меѓу кои се Јан (со кој заедно ја составуваат групата С.О.С.), One Blood, Непознат Проект кои ни доаѓаат од Куманово а и со други македонски рапери Геле-К (со кој ја има снимано првата студиска песма во 2005), Првата Дама (Big E) и многу други.

   Mc Arsa е препознатлив во Куманово по тоа што ја обединува сцената, односно сите позначајни кумановски рапери ги здружи во еден клан, една поширока групација која го носи името Сектор 3. Целта на ова обединување е да се спречат препукувањата помеѓу кумановските артисти, да завладее мир и почит на сцената, со што сцената би била појака и покреативна.

   Има настапувано на повеќе настани, кои воглавно се во Куманово.