Metaphorce

Жанр: Boom Bap; Hardcore Rap

Членови: Стефан “Хајд“ Панков,Живко “Жика“ Апостолоски ,Никола “Нико“ Кушевски ,Марко “Марш“ Чадиковски,Филип “Арап“ Лазов,Трајче Цветковски,Стефан “Менка“ Меновски

   Metaphorce е скопска рап екипа која е создадена на 24.02.2014 година од идејата на неколку групи и соло артисти. Функционира преку две домашни студија, главното „В'Подрум“ каде се снимени поголемиот дел од материјалите и „TriYang“ каде истите се обработуваат и дел од нив се снимаат. Својата прва песна ја издаваат на 10.08.2014, насловена како „Култно Срање“, при што екипата станува позната и како култ. На 23.08.2014 го бележи својот прв настап на рап журката „Рап Витамин“ заедно со Клетото Тројство и Tha Titanium. Оттогаш Metaphorce зад себе има оставено дузина траки и проекти и најавува нови, каде ќе се случуваат соработки со реномирани и со млади артисти и екипи.