Poetika

Жанр: Hardcore Rap; Hip Hop;

Членови: Дејан Трајчевски (ТПЦ),Јове Илијовски (Joey),Владе Ѓоргиевски

   Поетика е хип хоп состав од Битола, оформен на 20.08.2010 година. Тој најпрво функционира како спој од тогашните групи "Секогаш На Своето" (Јове & Владе) и "Реален Аспект" (Дејан ТПЦ, Стефан, Јове) кои ги здружуваат силите со цел да го прават тоа што најмногу го сакаат, снимаат рап ! 
   Од 2010-та година Поетика почнува активно со снимање песни, спотови и организирање рап журки/промоции. По извесен период групата ја напушта Стефан Караџовски, поради приватни причини. Досега има издадено еден студиски албум "Предмет на истрага", 
а вториот насловен како "Ултиматум" се очекува да биде промовиран на почетокот на 2016-та година.
    Позади себе имаат многу настапи во Битола, Скопје, Штип, Охрид, итн. Некои од нив се:

  • Промоција На видео запис “Марионета”
  • KOD Caffe 20.08.2011
  • Промоција на албум “Предмет На Истрага”
  • Del Tasso 02.09.2012
  • Промоција на видео запис ”Ултиматум”
  • Angels Caffe 27.12.2014

   Има снимено повеќе видео записи, меѓу кои: "Сакав..", "Марионета" (со Двоен Сомнеж), "На Спротивни Страни", "Очигледно" (со Терор - Строго Доверливо) "Ултиматум", "Дали Сте Сериозни" (со Bob MC), "Граду Мој" (со Bob MC).
   Во 2014-та година заедно со Bob MC започнуваат да ја водат емисијата Мак Рап на универзитетското радио УКЛО ФМ, и имаат реализирано околу 100 епизоди за презентација на Македонски рап.
   Моментално се активни само 3 члена од групата, Дејан TPC (Продуцент/емси), Joey (емси), и Владе (емси) кои се грижат делата и идеалите на Поетика да не згаснат.


Дискографија:

  • Поетика - Предмет На Истрага