Raw N Wicked

Жанр: Hip Hop

Членови: Гоце Лалковски ,Стефан Николич,Филип Тасевски ,Нино Ристески

   Raw N Wicked е хипхоп бенд основан 2009-та година од страна на Гоце Лалковски - Dj Goce D'Sauce (DJ, MC, Beatmaker & Video Producer) и Стефан Николич - Револуционерот (MC, Beatbox, Graffiti). Подоцна во бендот доаѓаат Филип Тасевски - 2 Fast (Mc) и Нино Ристески - Nin Vibe (Beatmaker).
   Raw N Wicked бројат многу настапи меѓу кои најзначајни може да се издвојат:

  • ПивоЛенд 2009 @ Кале, Скопје
  • Тотал Дем-О Фест Vol2 2009 @ club Castro (Победници на Фестивалот), Скопје
  • Аларм Фестивал 2010 @ Љубаништа, Охрид
  • BUS Fest Vol 1 2010 @ Битола
  • Hip Hop Festival Vol 3 2010 @ Битола
  • Хипхопијада 2010 @ Градски Парк - Скопје
  • Промоција на албумот R.E.S.P.E.C.T 2011 @ Зимски Клуб Хавана, Скопје
  • Промоција на албумот R.E.S.P.E.C.T 2011 @ Caffe КОД, Битола
  • Пиволенд 2011 @ "Борис Трајковси" Sport Complex, Скопје
  • B-Real & Psyho Realm - локална подршка, клуб Колосеум, Скопје
  • Пиволенд 2011 @ SC Boris Trajkovski, Скопје

   На 16 април 2011 бендот го промовираше својот прв деби албум во зимскиот клуб Хавана. Албумот е насловен R.E.S.P.E.C.T. (Рапот е само почеток еднаш чим тргнеш) и содржи 19 траки, со различна тематика ... Под продуцентска палка се појавуваат: Нино Ристeски - Vibe, Никола Трајковски - Shadow (Уличен Брум) и Dj Goce D'Sauce (Raw n Wicked). На албумот се појавуаат како гости неколку артисти од македонската undeground рап сцена: Ортографија, Paki (Зад Аголот), Error (Fist Coast), Жиле и Вали (Reality) и Shadow (Уличен Брум). Исто така на овој албум се наоѓа интернационална соработkа со австралијанскиот рап артист Phantom Phonetics. Албумот е снимен во CTC Records (Глигор Копров's Blue Студио) од страна на Александар Стаматовски - Санди. Миксот и мастер-от на албум се направени од страна на српскиот продуцент и хипхоп артист Jan Zoo. Издаден од страна на Петар Младеновски - Пеце (Суперхикс) во 1000 примероци како награда за победата на Тотал Дем-О Фест Vol.2 2009 кој се случи во клубот Castro.
   На 20 Мај 2011 бендот исто така го промовираше својот прв видео запис насловен како "Зошто" од албумот респект, продукцијата на траката му припадна на Нино Ристески - Vibe, а видео записот беше изработен од страна на LVP (камера, режија и монтажа Гоце Лалковски).


   Дискографија:

  • Raw N Wicked - R.E.S.P.E.C.T. (Албум 19 траки) - 2011 год.