Sale G

Жанр: Hip Hop

Email: saleg_1993@hotmail.com

   Sale G е рапер и продуцент, член на групата Локос Железарос. Уште од основно училиште Сале дознава за македонските влијателни рапери од тоа време како што се: Аго (Темната Страна), САФ, Чиста Околина, Легијата, Клан Исток и др. Набрзо решава и тој да се впушти во творење, па за кратко време ги издава своите први демо снимки, меѓу кои најпозната му е нумерата “Железара Гето“. Прва студиска нумера ја снима во 2010 година во ДНС Продукција заедно со Декс и Аго. Нумерата го носи името “Ми Значи“. Како соло артист зад себе има доста траки со многу експлицитни текстови и видеа, зачинети со црн хумор, сарказам и сатира.
   Sale G освен што фигурира како хип хоп артист, се занимава и со музичка продукција. Во 2012 год. завршува курс по ХИП-ХОП продукција во ДНС Продукција (ментор/предавач Владимир Аговски - Аго). Следуваат соработки и изработка на нумери на многу рап изведувачи од Скопје па и пошироко. Sale G се јавува и како организатор на мини ДЕМО ХИП-ХОП фест.