Solo

Жанр: Hip Hop

Email: markocuculovski@gmail.com

   Поттикнат од скопската субкултура и силната креативна енергија акумилирана од музичките правци, Соло првите креативни изблици ги материјализира во 1995 година со групата ОХ2 - Основи на ХипХопот (о-ха-два) како вокал познат под псевдонимот МC Double. Општествените немири во тогашниот кревок транзициски период беа првата инспирација за бунотвноста и немирниот дух, проткаени низ првите рецитали кои бе пропратени со бенд составен од две гитари, бубњеви и скреч. Таа мешавина на стилови опфатена со едно име crossover донесе свежина на македонската сцена, која во тој период беше во мала стагнација. Најдобра потврда за тоа беше освоеното прво место од публика на ПОП РОК ФЕСТ 1997 година. Составот опстојуваше 3, 4 години за кои имаше 15 концерти (дури и како предгрупа на Архангел во '98), неколку студиски синглови и еден видео запис за темата „Малограѓанштина“. Забележителни беа неколку гостувања во радио и ТВ емисии што навистина беа тешко достапни во тие години.

   По распадот на оваа формација Соло се одлучува за boom bap тек на настаните и се придружува на Аго и Кец во Долината на Сенките. Тука целосно ги реализира своите рап амбиции каде е поткрепен од супер продукција и менаџмент. Снимени беа неколку синглови и видео запис за темата „Градот Убав“. Следуваа дваесетина концерти низ Македонија и еден особено интересен настап на Хип-Хоп фестивалот во Пловдив 2002 година. Настапите и организацијата на „Полноќна миса“ 1 и 2 се нешто за кое говори и самата легенда за овој фестивал. Во овој период беа остварени две гостувања во емисијата „Црна Хроника“ на радио 103 и неколку гостувања во ТВ емисии. Од 2004 година Соло настапува самостојно со два концерти во Скопје и сопствена продукција во која снимаа К-Клан. Денеска Соло и понатаму твори, но не е жанровски одреден и работи стихијно, андерграунд.