Stanica 048

Жанр: Hardcore Rap, Hip Hop

Членови: Александар Златески (Arhetip) , Михаил Дукоски (Krajm) , Петар Митрески (Pero) , Ѓорѓи Јолески (JoeyDzo)

   Станица 048 започнува со работа како групација од 2014 година, тогаш се склопија една група од две емсиња Reflex и соло  ем-сито Крајм , а подоцна се придружува и бит мејкерот воедно и продуцент Joey Dzo. Прв нивни продукт е песната "Каде припаѓам" потоа следеше и нивниот прв видео запис на нумерата "Морфиум", двете песни се снимени во студиото на Станица 048. Друг значаен проект на кој работат е организирањето на рап журката од нивна страна во Прилеп во 2014 година. На тој настан се појавија повеќе нови  рап групи од цела Македонија, но и постари рапери од Прилеп .

    Настани на кои имаат учествувано:

  • HipHop is Back - Прилеп (2014)
  • Летна Хавана - Скопје (2015)
  • Пиволенд - Скопје (2015)
  • Плоштад Методија Андонов Ченто - Прилеп (2015)

   Во 2015 година Станица 048 издава само две песни кои ги работи како групација, додека за 2016 година го најавуваат нивниот албум.