Stihoven Kalibar

Жанр: Hip Hop

Email: paradox.goran@gmail.com

   Стиховен Калибар (Горан Јанкуловски) 31 август 1979 е хип хоп артист и афористичар од Скопје.

   Тој започнува да се занимава со хип хоп музика во 1995 година кога ги прави првите чекори преку неколкуте демо снимки и како дел од првата група РХБ Продукција за да продолжи понатаму и со соло кариера издавајќи го првиот неофицијален демо албум „Поинаква димензија” кој излегува на црниот пазар во 2001 година. Подоцна станува составен дел од групата Парадокс во чиј состав влегуваат Видо & Мичо од Пука козметика и го снимаат демо албумот „Парадокс - Потреба За Рап” кој излегува неофицијално во 2003 година со сопствени средства.

   Во 2007 година Стиховен Калибар го издава својот втор албум „Ин Медиас Рес” за издавачката куќа Чикен Меднес. Албумот е критизерски насочен кон политичката и општествена елита но и израз на револт кон целиот медиумски и комерцијален „терор” кој го доведува општеството до атрофија. Албумот е карактеристичен и по многуте гостувања на познати Хип хоп и џез артисти од Македонија и надвор од неа.

   Во 2011 година Стиховен Калибар го издава третиот албум наречен „Последниот Завет“ на кој гостуваат музичари од Македонија и од соседството. „Последниот Завет“ е реално социолошко и филозофско согледување на извитоперената општествена реалност, односно преставува метафора на деветтиот круг на пеколот, олицетворен во суровото секојдневие инфицирано од криминал, неморал и лицемерие, а воедно го означува и залезот на вистинскиот хип-хоп.

   Стиховен Калибар досега има остварено соработки со многу имиња од хип хоп и останатите музички правци како што се Џака Накот, ДЈ Славе, РНС, Рок Агресори, Мијата, Културно Уметнички Работници, Георги Шарески, Јордан Костов, Спирит Блоковски (Србија), Таргет (Хрватска), Стивен Драма и Биро (Србија), Фаст Флоуз (Србија), Брус Халтер (Србија), Ангела Николовска, Бит Експериментс, Мичо Атанасиу, Видо, ФИСТ, Кацар и други. Позади него има многу видео записи како што се нумерите: Македонија, Непотизам и ренесанса, Ѓубрето, Македонскиот Бруклин, Шарлатани, Бонус трака, итн.


Дискографија:

  • Стиховен Калибар - Поинаква димензија  2001
  • Стиховен Калибар - Ин медиас рес 2007
  • Стиховен Калибар - Последниот завет 2011