Stihovno Vojuvanje

Жанр: Hip Hop

Издавачка куќа: СВ Продукција

Членови: Васко Мирчевски,Жанко Котевски,Христијан Аџиоски

   Стиховно Војување е хип хоп состав од Битола оформен на 22.12.2006 година. Првичниот состав е оформен од две посебни групи : Васко Мирчевски, Христијан Аџиоски, Жанко Котевски (членови кои претходно функционираа од 2005-та ), Мартин Шишкин и Дејан Лутовски (кои исто своите почетоци како група ги бележат од крајот на 2005-та). 
   После неколку години функционирање како петчлена екипа Мартин Шишкин го напушта составот во 2010-та година, а за две години подоцна и Дејан Лутовски го напушта Стиховно Војување. 
   Нивната дискографија бележи околу 190 песни, а дел од тие песни се сместени во 4 албуми. Исто така групата има издадено 12 официјални видео записи работини под продукциска капа на Дарио Јанкович, Дрим Каст и Гнасни Деца Продукција.
   Групата уште од самите почетоци оформува аматерско студио кое го носи името Feel Tha Mic, за да подоцна во 2010 година ја формираат СВ Продукција која функционира и ден денес. Како организатори се јавуваат на многу настани од кои еден од најважните е BUS FEST во Битола. Фестивал кој се одржува седум години по ред и на кој имаат настапувано многу домашни и странски групи.    
   Стиховно Вoјување во своето досегашно постоење има остварено преку 130 настапи ширум Македонија, од кои може да ги издвоиме:

  • Промоција на албум "Ништо нема да не промени" - Олимписки базен - Битола
  • Клуб Ас - Велес
  • Тотал Демо Фест - Клуб Кастро - Скопје
  • Плоштад - Прилеп
  • Аеро Митинг - Спортски Аеродром - Битола
  • Спортска Сала - Младост - Битола 
  • Широк Сокак - Битола 
  • БУС ФЕСТ вол.5 - предгрупа на CYA (Србија) - Битола

Дискографија:

  • Стиховно Вoјување - Ништо нема да не промени (Албум 13 траки) - 2009 год.
  • Стиховно Вoјување - Шоуто мора да продолжи (Албум 17 траки) - 2011 год.
  • Стиховно Вoјување - Ме научи да научам (Албум 13 траки) - 2011 год.
  • Стиховно Вoјување - Сега или Некогаш (Албум 10 траки)- 2013 год.