Stres

Жанр: Hip Hop

Членови: Џоџо,Гоце

   Групата Стрес е рап дуо кое е стационирано во Битола a постои и делува од 2008 година. Двата членови - Џоџо и Гоце, беа дел од поранешната битолска групација Bitola Crew: Џоџо како дел од групата Уличен Амбиент, а Гоце како дел од Bit School.

   Канализираниот гнев кој продуцира политичко-социјална критика е нивниот печат на нивната музика. Секоја нивна доба имаше различен звук. Во првиот албум доминираа џез и блус семплови, додека во вториот албум имаше најчесто класично-конвенционални примеси. Оваа година, ќе го издадат својот трет албум кој ќе е во целосна продукција на Владимир Аговски - Аго од ДНС Продукција. СТРЕСете се!


Дискографија:

  • Стрес - Вторио почеток 2010
  • Стрес - Ова малку ќе боли 2011
  • Стрес - Стресура (наскоро)