Ulicna Misla

Жанр: Rap

Членови: Fade Out,Спајк,Боки,Кико Кучето

    Се започна од идеја за формирање на рап група ... Тоа и се случи ! Четворица маалски другари во 2006-та година ја оформија рап група Улична Мисла. Понатамошните години се бурни, следуваат првите песни, промени на членовите во групата па и распаѓање на истата, за да во 2013 година се склопи нова пет члена формација која е решена да работи посериозно. Групата започнува да работи на своето првенче. Во 2014 година излага албумот „Шуќур“ проследен со спот за песната „Нека се врти во кругот“. Кон крајот на истата година се започнува и со снимање на Е.Р. проектот „Коридор 80“. „Коридор 80“ излегува во септември следната година со спот за песната „Ајде Ајде“. Во меѓу време при снимање на проектот еден член ја напушта групата, и таа пак останива со четири членови. Групата ја сочинуваат три mc-ја - Fade Out, Спајк и Боки и еден битмејкер/продуцент - Кико Кучето. Но годината сеуште не е завршена. На крајот на една од најплодните години за групата Улична Мисла, 2015-та, го издаваат и Е.Р. проектот „За сериозните работи“. 

   Се работи на проектот „Во куќарката на кучето“ кој исто така треба да искочи како Е.Р., а во летото 2016-та планот на групата е да овие проекти се склопат како едно албумско издание.
Некои поважни настапи:

  • Фреш Стејџ, Пиволен (2014);
  • Бла Бла Стејџ, Пиволенд (2015)         
  • Демо Фест (Кастро);

Дискографија:

  • Улична Мисла - Шуќур (Албум 16 песни) – 2014 год.
  • Улична Мисла - Коридор 80 (Е.П. 6 песни) – 2015 год.
  • Улична Мисла - За посериозните работи (Е.П. 6 песни) – 2015 год.