Zad Agolot

Жанр: Hip Hop

Членови: Паки, DJ Илиќ DJ Oky Doky

   Зад Аголот Екипа е името на скопскиот хип-хоп состав кој на домашната сцена официјално се појавува во 2011 година. Длабока Трага, Свп, Гочка, Контра Напад, Паки, DJ Илиќ и DJ Oky Doky се имињата на продуцентите, бендовите и диџеите кои стојат зад името - Зад Аголот. Иако како засебни имиња постојат на сцената некое време, некои подолго, некои пократко, меѓусебната поврзаност на приватен план, како и неколкуте заеднички неофицијални проекти и соработки дадоа поттик да се оформи овој тим. Пред да постои Зад Аголот Екипа, постои Зад Аголот Продукција, основана од Марко Свп (2002), Даре од Длабока Трага и Ване од Контра Напад. Зад Аголот официјално да се оформи како екипа започна со изработка на првиот официјален проект под ова име насловен "Чувај Го Вистинко Волу.1", целосно изработен од продуцентите на овој состав, кои се погрижија за инструменталниот и аранжманскиот дел. За видео делот е задолжен Бренсис -  "Покрај Бренсис Видео Обработка" (Бранко Блажевски).
Настапи на Зад Аголот Екипа:
* Пиволенд 2011&2012,
* ХипХоп Камп - Охрид 2012,
* ШтипХопФест 2012,
* Баскер Фест - Скопје 2013,
* Refresh Fest - Скопје 2013,
* Струмица Open Festival 2013,
* The Violent Voices Tour 2015 (предгрупа на Sick Jacken, Slaine и Danny Diablo)
* "Ќе дојдеш ли на рандеву?"- Првиот самостоен концерт во денсинг салата на МКЦ април 2013
Како засебни артисти имаат настапувано во поголемиот дел од скопските локали, како и други македонски градови, презентирајќи го својот материјал пред верната публика.
Зад Аголот дискографија:
* Зад Аголот - "Чувај го Вистинко Волу.1" [Јуни, 2012]