Zvukot Od Jugot

Жанр: Hip Hop

Членови: Коста Трпчевски,Тони Петковски

   Звукот Од Југот е битолско хип хоп дуо, составено од Коста Трпчевски (Freestyler) кој е активен уште 2003-та година и е познат по тоа што беше дел од битолската екипа Сив Дом и член на групата К.П.У. и вториот член Тони Петковски (ДонТонива) кој работи од 2002 но првата студиска снимка ја остварува со Коста Трпчевски (Freestyler) во 2010 година, од каде што започнува и приказната за децата кој го шират Звукот Од Југот.

   Иако младо формирана група, имаат позади себе повеќе настапи. Некои од нив се:

  • "Kод Кафе" 
  • "STREET PERFORMANCE" - Бит Фест
  • Bus Fest
  • 30 годишнина на навивачката група Чкембари

    Тие веќе имаат издадено неколку заеднички нумери, но во 2016 година се решени да го комплетираат веќе започнатиот проект-албум на Звукот Од Југот, кој ќе донесе нова свежина, ќе го врати од мртвите битолскиот рап и ќе ја издигне и зацврсти сцената.