Boogieman

Жанр: Hip Hop & RnB

Email: djboogiemansk@gmail.com

   Неговите вистински почетоци датираат од 1999 година кога организира приватни и роденденски забави и се појавува како Dj. Иако хип хопот е примарен, неговите сетови често пати се придружени од фанки, соул, реге и денс холл парчина. Во тој период до денес има настапувано во голем број скопски локали и дискотеки, како и во поголемите клубoви низ државата. Со интернационално искуство се стекнува на Софискиот хип хоп фестивал ‘06 пред Њу-јоркшката хип хоп атракција Busta Rhymes, истата година на Exit festival Нови Сад ,двонеделната турнеа во New York City (USA) со раперот Snow Black ’07. Таму настапи на Менхетен во клубот The W (Wiskey; Time Square) и на Bronx Day Parade фестивал кој се одржува 6 години по ред а беа и гости на VH1 Hip hop honors манифестацијата. Последна интернационална турнеа е во 2015 година во Австрија каде има неколку настапи во Виена и Грац. Актуелен е со радио шоуто Плеј Хип Хоп кој се емитува на Метрополис радио секоја среда од 22:15 часот до полноќ. Издание концепирано да информира, едуцира и презентира музика во една поинаква форма со поинаков пристап која ги тангира сите музички влијанија и промени кои ги претрпела хип хоп музиката од постоењето па до денес. Во 2011 година станува ексклузивец на македонската продукција Gorilla Wild Entertainment Group, а истата година станува член на “Violator All Star Dj association” интернационална диџејска коалиција со седиште во Виена која е задолжена за интернационалните настапи и сите активности поврзани со познатиот бренд “Violator”. Важи за еден од ретките “Party Dj’s” -во Македонија кој вистински знае да ја осети и раздвижи публиката и секогаш се труди да биде разновиден и својствен во своите сетови.