Chvare

Жанр: Hip Hop & RnB

Email: dj.cvare@gmail.com

   Роден во Скопје, Македонија, 1983 година, Дј Чваре е изразнат слушајќи ги музичките правци како хип-хоп, фанк, соул, џез и реге музика.

   Инспириран од звукот на олд скул хип-хопот, на свои 17 години, започнува со вртење плочи по локалните скпски кафулиња , стекнувајќи се со голем успех и почит на македонската сцена од тој ден до денес, како еден од најпознатите хип-хоп диџеј-и.

   Низ годините од  неговата кариера, пушта музика по многубројни познати ноќни клубови, и е резидент во голем број на локали,  каде со тек на време го развива својот звукот кој што го презентира во различни стилови и жанрови но со фокус на хип-хопот,  фанк  и џез музиката.

   На страна од неговите настапи низ Македонија има настапувано на многу места и интернационално, ширум балканот, и во држави како Шпанија, Холандија, Чешка, Тајланд итн.

   Негови најзначајни соработи и заеднички настапи се со артисти и дј-и како :

  • SAF (MK), Coolio (USA), Bad Copy (Serbia), Elemental (Croatia)
  • Afu Ra (USA), Guru (USA), 50 CENT (USA), Jeru the Damaja (USA)
  • DJ 279 (UK), DJ CLK (UK), DJ Faze (France), DJ Oli Doboli (Croatia),
  • DJ Switch (UK),  Dirty Hairy (UK)