К-105

Жанр: Hip Hop & RnB

   Роден 1984-та година, живее во Скопската населба Аеродром (бр.105), Кристијан Делчевски а.к.а. DJ К-105 инспириран од звукот на хип-хопот ја започна својата кариера на 16 години (далечната 2000-та година) во едно локално Скопско кафуле (Studio FX). Од тогаш тој работи како промотер на оваа култура во Македонија и понекогаш во соседните држави. Врти најчесто, Hip - Hop, R'n'B, Reagge, Dubstep, Drum n Base во препознатлив, за повеќето несекојдневен професионален микс.

   Во последните неколку години е актуелен во скоро сите поголеми клубови и кафулиња низ Македонија, меѓу кои би ги издвоиле: Angels caffe, Club Ice, Caffe Nova (Штип), Republic (Тетово), Club V2 i Hot box (Куманово), Caffe Admiral (Струга), Disco Pinda, Club Platinum i Select (Струмица), Caffe Ti amo i Escape (Радовиш), Korzo caffe (Гевгелија), Emporio (Богданци), Club Akropolis i Havana (Неготино), Disco Carli, VIP Club (К.Паланка), Clib Eldorado, caffe Babyblue (Гостивар), Club Pozitiv (Битола), Diamond club,VIP Club, Virus caffe (Прилеп), Club Impact (Велес), Gravity i Flert (Кичево),Disco Alexandria (Кавадарци) Colloseum, 69, Paradiso, Trend, Stobi, Skopje caffe (Скопје), Пиво Фест (Охрид 2011), Виноскоп (Скопје 2012) Club Pulse (Кочаниi) Среќна Нова 2013 godina плоштад Македонија (Main event) итн... Клубовите каде што врти плочи се секогаш исполнети со многу задоволни луѓе кој уживаат во неговиот префинет избор на претежно Hip Hop и R'n'B звук.

   Денес тој е добро познат и почитуваан од страна на вистинските љубители на оваа музика. Во Македонија тој е еден од најактуелните Hip Hop &  R'n'B диџеи. Настапува соло, но и како диџеј на Тони Зен со кого е пријател уште од раното детство (Играа џамлии пред 105 :)).

Некои од неговите позначајни настапи се:

  • 1во место на настан: Battle of DJ's (3 DJs, Hip-hop, Drum n Base & House) одржан во "Angels caffe" во Штип
  • Прв интернационален настап во "Boka Bar" - Гнилање, Косово
  • Пивофест Охрид 2011 год. Заедно со Тони зен и Сиги од Токсикологија (30 000 посетители)
  • Целодневна пена забава во "Caffe Admiral" Струга
  • Отварање на "Republic Club" - Тетово (К-105)
  • "Dealy beach party" - приватна плажа - "Golden point" near Katerini, Greece
  • Отворен ден на Универзитет Св.Кирил и Методиј во Скопје (60 години постоење на универзитетот) заедно со Бени - Нон стоп и Нокаут