КУП ДЕ ГРАС - ПОД ОВА НЕБО (АРХИВСКИ СНИМКИ)

КУП ДЕ ГРАС - ПОД ОВА НЕБО (АРХИВСКИ СНИМКИ)


Даре од Длабока Трага  на својот официјален youtube канал објави недовршен проект од Kup De Gras (Атанас & Венко) на кој што е работено неколку години, односно траките се снимани во периодов од задните 3-4 години.

Се работи за млади артист кои ни доаѓаат од Скопје, а на проектот гостуваат имиња како: Маро и Даре ДТ, Кискин, и Траум Дигс (New York). Плејлистата се состои од вкупно 6 траки на кои Даре ДТ е целокупен аудио продуцент, освен на траката "Под Ова Небо" зад која стои Кискинов како продуцент и гостин на истата.

Доколку барате нешто ново, нечуено, или нов артист ова е прилика да дадете шанса на архивските снимки на Куп Де Грас, а да се надеваме дека проектот завршен ќе излезе на ЦД за брзо време.

Момците од Kup De Gras ни откриваат дека за некој ден ќе следи и нова трака од нив на која ќе гостува Паки (Зад Аголот).

Линкот за преслушување на недовршениот проект се наоѓа под содржината.