БИТОЛА ЕПИЦЕНТАР - ХИП ХОП НАСТАН НА ТУМБЕ КАФЕ

БИТОЛА ЕПИЦЕНТАР - ХИП ХОП НАСТАН НА ТУМБЕ КАФЕ


На деветнаесетти август, во петок (УТРЕ), ќе се случи рап забава каква што долго време не се случила во Битола.

Почетокот на забавата е во 21.30ч а местото каде што ќе биде епицентарот е амфитеатарот на Тумбе Кафе. За дрмањето ќе се погрижат битолските рап групи Поетика, Звукот Од Југот, Триумф, Фридом Фајтерс, соло артистот Боб ЕмСи, и гостите од Прилеп и Скопје, Да Титаниум и Видо.

Влезот е бесплатен а на самото место ќе има штанд од каде што ќе можат да се купат пијачки. Присуство задолжително! Забава загарантирана!!

 Организатори на овај настан се Поетика, Боб ЕмСи и Триумф