ДОН ТОНИВА - БИТОЛСКИ СЛЕНГ / ХЕРОНЕЈА 3

ДОН ТОНИВА - БИТОЛСКИ СЛЕНГ /  ХЕРОНЕЈА 3


Дон ТонИва (едната половина од Битолското Рап дуото "Звукот од Југот") e еден од поактивните битолски рап артисти. 

"Битолски Сленг" е неговиот прво соло албум кој што го промовираше пред некое време, па истиот сега може да го пречуете и на неговиот официјален youtube канал. 

Сите траките се снимени сите во Лирика Рекордц, а за миксот и мастерингот на албумот се погрижи ДонТонИва, но како продуцент се појавува и Дејан ТПЦ (Поетика) на траките Лојален Другар и Последната Битка. Гостите кој што се појавуваат на траките во албумот се Луцифер и Лудиот ЕмСи, Коста Фристајлер, Генго (Freedom Fighters), Џз Бенг и други.

Албум каверот е на Милена Ѓурчиноска, која што исто така се појавува како гостува на албумот како вокал.

Преслушајте ги сите траки на листата од линкот под текстот, почнувајќи од истоимената трака како албумот - Битолски Сленг.

Уживајте:

Пред неколку дена Дон ТонИва објави уште една песна наречена „Херонеја 3“ која е со политичко - статирична социјална позадина. Неа може да ја преслушате исто овде :