КУП ДЕ ГРАС - БОРБА (ФТ. ПАКИ)

КУП ДЕ ГРАС - БОРБА (ФТ. ПАКИ)


Секој еден од нас има своја секојдневна борба живеејќи од ден за ден во овој свет. Различна е призмата  низ кој гледаме  на животот и затоа секоја си има своја приказна која треба да биде раскажана и чуена.Така животна борба, од самрак се до зори , барајќи го своето јас, поминувајќи  низ сите препреки и соочувајќи се со своите демони, со надеж за подобро утре ни ја раскажуваат овој пат Куп Де Грас заедно со Паки (Зад Аголот) .

Оваа трака ја најавивме уште кога го објавивме постот во кој премиерно ви ги презентиравме архивските снимки на ова дуо кое ни доаѓа од Скопје, па конечно и таа ја дочека својата премиера. 

Траката е во целосна обработка на Даре ДТ и Зад Аголот продукција каде што овие двајца артисти продолжуваат да творат и соработуваат.  Трака исполнета со несекојдневни принеси на џез и соул кога е во прашање нашата сцена, каде Паки  одлично ги прикажува своите вокални способности.

Оставаме на вас да чуете за што станува збор: