СТО ЕПИЗОДИ МАК РАП ЕМИСИЈА СО БОБ ЕМ-СИ И ПОЕТИКА

СТО ЕПИЗОДИ МАК РАП ЕМИСИЈА СО БОБ ЕМ-СИ И ПОЕТИКА


Поминаа цели две и пол години од кога започна втората сезона од Мак Рап Емисија на Укло ФМ, а во тој период во етерот беа пуштени точно сто епизоди.

Мак Рап емисија за прв пат беше емитувана пред 4 и пол години кога како основач и водител беше Алек Агато, еден од ветераните на битолскиот рап, член на рап екипата "Битола Кру".

После две години и повеќе од 80 епизоди квалитетен рап, Агато поради приватни причини се повлекува а епизодата им ја препушта на Бобан - Боб ЕмСи и Јове и Дејан од Поетика.  

Мак Рап екипата две и пол години константно работи на презентација на квалитетниот македонски рап, презентација на млади и надежни рапери, промоција на албуми, правење на интервјуа со рап артисти, и промоција на нови песни. 

Емисијата се емитува секоја среда од 15.00ч на Укло Фм, битолското радио кое исто така можи да се следи онлајн и на интернет. Репризата е во петок од 18.00ч, а секој кој ќе ги пропушти тие два термини, епизодата ќе можи да ја преслуша на јутјуб на официјалниот канал на Поетика. Многу наскоро сите епизоди од Мак Рап ќе можи да се најдат и на dns.mk .

Во продолжение преслушајте ја последната јубилејна стота епизода Мак Рап.