ЗАД АГОЛОТ - СТАРОГРАДСКА 2

ЗАД АГОЛОТ - СТАРОГРАДСКА 2


По нивниот трет сингл - „За Кого Бијат Камбаните“, Зад Аголци се решија своите фанови да ги почастат со уште еден сингл. четврти по ред од нивниот втор студиски албум „Зад Шпиунката“.

Најновиот сингл кој го објавиа на нивниот официјален youtube канал e со наслов „Староградска 2“, а истиот е наследник и продолжение на хитот Староградска од нивниот прв албум „Чувај го Вистинко волу. 1“ .

Битот е на Марко СВП, мастерингот на Јан ЗОО, а снимано во студиото на Зад Аголот.  На траката се појавуваат Марко СВП и Даре ДТ

Преслушајте на линкот подолу: