ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАДИО ЕМИСИИ

Јавен повик до сите вистински хип хоп глави во играва.


Радио фамилијата од dns.mk реши да го прошири својот круг! Бараме луѓе кои со нивните иновативни идеи ќе можат да допринесат и да ја збогатат програмата на ДНС Радио. Станува збор за емисии од водителски формат или пак за ди-џеј сесии. Истите можат да имаат и конатктен карактер.

Целта на овој повик е да се создаде разноликост во програмата на ДНС Радио, преку кои нашите слушатели освен тоа што ќе уживаат во хип-хоп музиката, ќе имаат можност да чујат новости, но и музика и информации кои ги пропуштиле.

Ви даваме можност нашиот етер да биде и ваш, каде што вашите идеи може да ги преточите во реалност.


Од вас бараме:
- да имате желба, време и да бидете креативни;
- да имате соодветна опрема и простор како би постигнале одредено задоволително ниво на емитување;
- да предложите термин кој заедно ќе го разгледаме и одобриме;
- да бидете посветени и одговорни;
А наше е:
- да ви дадеме временски дефиниран простор во етерот;
- да не ви се мешаме во уредувачката политика;
- да ви помогнеме околу техничкиот дел доколку е потребно;
- и да ви дадеме простор на днс.мк, каде што можете да ги објавувате сите новости поврзани со вашата емисија;

Неколку насоки околу начинот на оформување на емисијата:
- за различни правеци/категории во хип хоп музиката (west/east/south coast; golden age; old/new school; итн);
- за останатите елементи и теми поврзани со хип хоп културата;
- контактна со гости или пак информативна, трачеви, едукативна итн (во хип хоп доменот);
- дј сесии кои можат да бидат и контактни;
- емисиите можат да бидат и претходно снимени;


Пријавувањето е преку маил radio@dns.mk, на кој што треба да ја испратите вашата идеја за емисијата (програма, наслов, водители, техника-опрема итн).

Напомена: dns.mk е непрофитен медиум, чии членови целосно се вложуваат за промовирање на хип-хоп сцената, нејзините артисти и вредности.