34-ТО ИЗДАНИЕ НА FUNKY FRESH ВО КАПАН АН (PROPO 88 & CORTO MALTEZ)

34-ТО ИЗДАНИЕ НА FUNKY FRESH ВО КАПАН АН (PROPO 88 & CORTO MALTEZ)


Овој викенд 29ти Април (сабота) во Капан Ан - Скопје, се одржува 34то издание на Фанки Фреш хип-хоп забавите.

Како што кажуваат и од самата организација ова е најбитното издание за овој месец, каде што гости на вечерта ќе се DJ Propo'88 The Insomniac (NL) и Corto Maltez (NL) кои заедно ќе го промовираат нивниот нов албум наречен  „Astronomic Delight“.

PropoPropo’88 е првиот гостин со кој што се отвори Funky Fresh резиденцијата во Капан Ан пред нешто повеќе од една година. Тој е бит креатор, продуцент, DJ од музичкиот колектив Da Shogunz од Утрехт, Холандија. Propo’88 е познат по неговиот органски boombap бит, длабоко инспириран од underground хип хопот од `90тите. Неговите DJ сетови се еклектична комбинација од автентична underground музика и ретки парчиња бит музика од целиот свет. Оваа година го промовира својот нов албум „Astronomic Delight„ заедно со Corto Maltez кој ќе го придружува неговиот настап како MC, кој за прв пат ќе се претстави пред македонската публика.

Локална поддршка на настанот ќе бидат домаќините ДЈ Гоце САФ и ДЈ Чваре.

Стартот е на полноќ, а влезот ќе 200 денари.

https://www.facebook.com/events/1432347810160911/