BRONX 1.02 - ВО МКЦ (СКОПЈЕ)

BRONX 1.02 - ВО МКЦ (СКОПЈЕ)


На 11ти Мај во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во Скопје, DMA Music ќе го претстави второто издание Bronx 1.02, парче простор за меѓусебно видување, презентација, едукација и размена на различни стилови кои потекнуваат од хип-хоп културата.

Овогодинешниот симбол на Bronx 1.02 е „Надвор од рамките“, место во кое отсуствува селективност на посетителите, како и место за осознавање и поттикнување на хип-хоп културата. Cо таа цел, надвор од рамките, тие тргаат од корените, фузијата на различни музички правци од Jazz, Blues, Funk и Reggae презентирани на хип-хоп платформа што посочува дека и широката маса може да си го најде своето место во еден сегмент на својот личен вкус и избор. 

На сцената таа вечер ќе може да ги погледнете следните бендови и артисти : ФЛЕКА ; Natty Fiah & S.A.M. ; Inklingz ; Druggy и Nomaduzz.

Покрај музичката програма ќе имаме можност креативно да се раздвижите со помош на првата онлајн заедница за автори кои изработуваат уметност и дизајн -  Modular, како и изложбата на фотографии од Марко Костовски.

Билетите се во ограничен број, а истите може да се купат преку продажните мрежи на:
http://www.mktickets.mk/
https://www.karti.com.mk/

Почеток на настанот 20:30h. 11ти Мај, МКЦ - Скопје !

https://www.facebook.com/events/1855671394699758/