DILLA DAY ВО КЛУБОТ КАПАН АН (СКОПЈЕ)

DILLA DAY ВО КЛУБОТ КАПАН АН (СКОПЈЕ)


Во Недела, 07.02.2016 во клубот Капан Ан во Скопје,  ќе се одржи настан по повод животот, творештвото и делото  на еден од најомилените хип-хоп продуценти на сите времиња, James Dewitt Yancey aka J.Dilla/ J Dee.

J Dilla, по потекло од Детроит (USA), спаѓа во редот на еден од најкултните продуценти кога е во прашање хип-хоп музиката. Роден на 07.02.1974, починат на 10.02.2006 после кратка борба со ретка болест на крвта.  За неговите 32 години живот J Dilla продуцира за артисти како: A Tribe Called Quest, De La Soul, Busta Rhymes, Erykah Badu, Bilal, The Roots, Common, Pharcyde, Slum Village итн. со што остава свој печат во историјата на популарната музика.  Затоа хип-хоп нацијата ширум светот го слави неговото име, и официјално, месец февруари е прогласен за месец на J Dilla, поради тоа што неговиот роденден и смртта се во истиот тој месец.

На задоволство на фановите на неговата музика, за прв пат во Скопје се организира ваков настан, и организаторите се надеваат дека овој евент ќе прерасне во традиција. Дј-и кои што таа вечер ќе го презентираат неговото музичко наследство се следниве:

- ГОЦЕ (САФ)

- ЧВАРЕ

- Justin Case ака Јане (Чиста Околина) [специјален Dilla сет после 10тина години апстиненција)

- HyperTech [Dilla influenced drum`n`bass сет]

Плус тоа ќе има и отворен мајк со инструментали од  Dilla, па ќе биде оставено на слобода на присутните доколку некој сака да направи репрезент на мајкот.

Стартот е на полноќ, влезот ќе чини 100 денари, а првите 100 посетители ќе добијат по една крофна (Хромска) од организаторите на настанот ( заштитниот знак на DIlla ) smiley

Не пропуштајте и бидете таму.   J-Dee  R.I.P