FUNKY FRESH 011 - ДЈ РАБОТИЛНИЦА ВО МКЦ И НАСТАП ВО КАПАН АН СО DJ ANGELO (UK)

FUNKY FRESH 011 -  ДЈ РАБОТИЛНИЦА ВО МКЦ И НАСТАП ВО КАПАН АН СО DJ ANGELO (UK)


За единаесеттата епизода од настапи по ред на Funky Fresh тимот овојпат  овие два дена организаторите ви подготвија за вистинските хип-хоп глави дј работилница и дј сет настап со нивниот специјален гостин Dj Angelo кој доаѓа од Лондон, UK.

Денеска 22.06.2016та со почеток од 20:00 часот во МКЦ (Младински Културен Центар) Funky Fresh ве повикуваат на дј работилница со нивниот гостин Dj Angelo. Влезот ќе чини 100 денари.    https://www.facebook.com/events/1608736206106277/

Додека утре на 23.06.2016та - четврток во клубот Капан Ан (Стара Чаршија) со почеток на полноќ е и официјалната 11та Funky Fresh журка со дј сет на специјалниот гостин Dj Angelo како и локална поддршка од резидент диџеите на Funky Fresh тимот. Влезот исто така ќе чини 100 денари до 1 часот по полноќ а потоа 150 денари.

https://www.facebook.com/events/231869977195577/

Репутацијата на DJ Angelo како еден од најпочитуваните и најсестраните Dj-и продолжува да се шири низ светот. Од локален херој до интернационално признат DJ и идол – изминатите неколку години DJ Angelo настапува на секој континент на светот, забавувајќи огромни фестивалски публики, и го дели подиумот со дел од елитата во музичката индустрија. Со преку 15 годишно искуство, DJ Angelo заслужено го држи местото на еден од најпочитуваните „комплетни Dj-и“. 

Неговите запаметени настапи се одликуваат со оригиналност, интелегенција и музичка кохезија која што само искусен DJ може да ја изврши. Во негов елемент, може да очекувате ништо освен одлична музика, експертски измиксана, со повремени експлозии на исклучителна вештина на грамофони која му е и заштитен знак – со тоа потврдува зошто има освоено награди во национални првенства, привлекуваќи лојална база на обожаватели од целиот свет и ја заслужува почитта на елитата во музичката идустрија. Роден во Бурма, пораснат во UK, скромните почетоци на DJ Angelo на домашно направени грамофони, му даваат основа да се стреми да стане глобално призната DJ сензација која е денес. 

Неговите разновидни DJ способности и сценски настапи му овозможија да настапува на BBC Radio, како и да го дели подиумот со артисти како: Skrillex, Diplo, Public Enemy, Jazzy Jeff, Pete Tong, A-Trak, DJ Craze, DJ Yoda, Example, Krafty Kuts, Jaguar Skills, Jay Sean, Estelle, итн. Популарноста на DJ Angelo може да се зголемува, но неговата љубов за одлична музика и гордост во неговата уметност остануваат непроменети после сите овие години. Како што музичката сцена продолжува да еволуира и жанровите продолжуваат да се заматуваат, DJ Angelo останува во фокус да ги надмине очекувањата на својата публика која на интернационално ниво постојано расте.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ !

http://djangelo.co.uk/