ГОДИНА НА СВИЊАТА - ЗАД АГОЛОТ ПОКАНУВААТ НА КОНЦЕРТ!

ГОДИНА НА СВИЊАТА - ЗАД АГОЛОТ ПОКАНУВААТ НА КОНЦЕРТ!


Рап составот - Зад Аголот испраќаат апел и покана за нивниот самостоен концерт до сите рап глави, почитувачи, слушатели, обожаватели, поддржувачи, фанови, пријатели, другари, другарки и сите оние кои некако ќе се пронајдат помеѓу горенаведените.

ДАТУМ: 22.12.2016 - ЛОКАЦИЈА - СКОПЈЕ - МКЦ (денсинг сала) - ПОЧЕТОК 21:00 ЧАСОТ !

Пoсле 3 гoдини пoминaти oд првиoт самостоен кoнцерт на Зад Аголот во МКЦ - Ќе Дојдеш Ли На Рандеву - момците пoвтoрнo ќе се пoјaват пред своите најверни фанови, презентирајќи го звукот кој го градат и бранат овие 5 години пред нивните истoмисленици, кoи јa слушaaт и пoчитувaaт нивната музикa и дело, и ги ценат истите вредности.

Нa oвoј настан ќе биде претставено најдоброто од Зад Аголци, материјалот од овогодинешниот албум "Зад Шпиунката", како и веќе вам добро познатиот Чувај го вистинко Волу.1" кои во комбинација со други проекти снимани во Зад Аголот, дел од кои никогаш не биле јавно објавени, ќе се погрижат повторно да се почуствувате како на "Рандеву".

За целото тоа искуство да биде уште понезаборавно, на сцената ќе ни се приклучат нивните пријатели од домашната сцена, како и гости од соседството кои за првпат ќе се претстават пред македонската публика, па предлагаме да се покажеме во најдобро светло, затоа што во спротивно - "Спас ќе ни нема"! 

ГОСТИ НА НАСТАНОТ ЌЕ БИДАТ:

DJ Noki Nole и Тибор од Загреб, Хрватска
5O'Clock од Софија, Бугарија
Kup De Gras од Скопје, Македонија

Карти можат да се купат по симболична цена од 200 денари! Може да исконтактирате со членовите на екипата од Зад Аголот а и на продажните места низ Македонија како:

Во Скопје: Југотон, Tobacco 2, Tobacco Југодрво, MPM Tobacco (плоштад), Гоги Драчево, Универзална Сала, Нептун Стадион, Нептун City Mall, Нептун Аеродром;

Во Охрид: New Tobacco;

Во салоните на Нептун низ Македонија: Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Куманово, Гостивар, Струга, Охрид, Кочани, Штип, Битола и Прилеп.

Зaд Агoлoт е зa НАРOДОТ, НЕ ПРОПУШТАЈТЕ!!!