МЕМОРИЈАЛЕН ХИП ХОП СОБИР ВЕЧЕРВА ВО КАПАН АН!

МЕМОРИЈАЛЕН ХИП ХОП СОБИР ВЕЧЕРВА ВО КАПАН АН!


Вечерва во Капан Ан, по трети пат ќе се одржи фестивалот во чест и сеќавање на Филип Босс

Почетокот е од 00 часот, влезот е 100 денари, а артисти кои ќе настапат се: Туте, Inklinkz и Рап Позитив, Skopje Crew, ЕБСФ, Ексцес, СПК

Како и претходните две години така и оваа, сите парични средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели, бидејќи самиот Филип Босс беше голем хуманитарец и му беше задоволство да им помага на луѓето. 

Филип Босс (1986-2013) беше еден од највлијателните ликови на македонската рап сцена. Како основач и администратор на станата hiphop.mk, тој го промовираше македонскиот рап во најдобро светло. Покрај тоа, Филип беше и рап артист и членуваше во групата Урбан Фактор (UFS), дел од Arena Records.