МЕМОРИАЛЕН СОБИР ВО ЧЕСТ НА ФИЛИП БОСС!

МЕМОРИАЛЕН СОБИР ВО ЧЕСТ НА ФИЛИП БОСС!


Другари и другарки, рапери и хип хоп активисти, дами и господа и сите вие што сакате да донирате за да помогнете на некого и да одедете почит спрема Филип Босс ве покануваме на 15.01.2016-та, на неговиот роденден во клубот Хавана да го чекирате вашето присуство. 

Веќе е трета година како сме без нашиот колега, другар,брат,син итн, ова ќе е вторпат како ќе се одржи фестивалот во негова чест и се надевам дека од година веќе ќе прерасне во традиција и ќе нема запирање. За прв пат овој фестивал беше одржан во 2014-та година во клубот Хавана, каде што и овој петок ќе се дружиме со иста цел, заедно да помогнеме. Минатата година фестивалот не можеше да биде одржан од проста причина што одредени локали не излегоа во пресрет на барањата на организаторите и поставуваа додатни услови.

Филип Босс (1986-2013) беше еден од највлијателните ликови на македонската рап сцена како основач и администратор на највлијателниот хип хоп портал hiphop.mk. Како мало потсетување порталите hiphop.mk & dns.mk, односно емисијата Воспитна имаат долгогодишна соработка и меѓусебна почит. Како негов колега можам слободно да кажам дека неговата желба за работа на порталот беше поттик за сите нас.

Покрај тоа беше и рап артист и членуваше во групата Урбан Фактор (UFS), а беа дел од Arena Records и го спремаа нивниот прв соло албум кој требаше да носи наслов "Строго Доверливо". Два месеца пред да се случи тоа што не требаше да се случи ја одржаа својата промоција на нивниот прв видео запис Господо од парламент кој воедно беше и најава за промоција на албумот кој беше веќе во завршна фаза.

Нема друг свет е негова соло трака на која гостува Mac AD, а е снимена еден месец пред несреќата и требаше да биде најава за неговиот соло албум за кој се спремаше да почне да го снима.

Артисти кои ќе настапат оваа година во чест на него се :

- ДНС Екипа
- Зад Аголот
- ТуТе
- Skopje Crew
- Ексцес
- СПК
- Кртот
- Metaphorce
- Лириковен Пироман и Рап Позитив
- Цобе

Влезот ќе изнесува 100 денари, почетокот е од 23 часот, а сите средства собрани исто како и минатата година ќе бидат донирани во хуманитарни цели,бидејќи самиот Филип Босс беше голем хуманитарец и му беше задоволство да им помага на луѓето.

Па луѓе, да му оддадеме почит правејќи ги работите кои тој најмногу ги сакаше. 

Нека почива во мир.