МКД РАП - МАКЕДОНСКИ ХИП ХОП ФЕСТИВАЛ НА СКОПСКИ САЕМ

МКД РАП - МАКЕДОНСКИ ХИП ХОП ФЕСТИВАЛ НА СКОПСКИ САЕМ


На 23 Април со почеток од 20:00 часот на Скопскиот Саем, ќе се одржи целовечерен македонски хип-хоп фестивал.

Организаторите на истиот се Урбан Денс заедно со АДИДАС и СКОПСКО кои со особено задоволство и чест, ви најавуваат огромен настан со артисти и изведувачи кои се исклучително од нашата земја.

Со повеќе од 20 концертни настапи во живо и дј сетови на Македонски артисти со врвна бина, звук и светло, ќе се рока македонски рап цела вечер до утринските часови.

Претпродажба на картите ќе започне од пo 11ти Април во целата мрежа на Купикартизасе низ МК. Инфо и цени на влезници ќе има наскоро на официјалниот евент: https://www.facebook.com/events/1577909689188588/

Листата на изведувачи на фестивалот и изведувачи во живо на бината е составена од рап формациите на екипи како што се: Легијата и Зад Аголот (Скопје);  Авторизација (Велес);  Дивизија (Струмица);  Титаниум (Прилеп)  и Герила (Куманово).

ДЈ-ите кои ќе бидат задолжени за добрата атмосфера таа вечер се : Чваре, Гоце (САФ), Димитри од Чаир, Дрази Драгс, Оки Доки и Илич.

Не го пропуштајте овој редок настан, и набавете си карти на време !