НАЈАВА ЗА ЗЕМЈОТРЕС И ВО КОЧАНИ !

НАЈАВА ЗА ЗЕМЈОТРЕС И ВО КОЧАНИ !


   Известени сме од хип хоп ветеранот DJ Master G кој е преставник на сеизмолошката хип хоп станица во Кочани, дека, на 8 Октомври сабота, во 21:30 часот ќе се случи земјетрес кој ќе биде со јачина од 10 степени по скалата на днс радио, а ќе биде со времетраење до полноќ. Местото кое се посочува е Кочани, поточно домот на културата - Бели Мугри (link)
   “Земјата“ ќе ја тресат добро познатите кумановци Подземан Ефект, кои за прв пат се во Кочани. Одговорни за ПРЕДпаничните испади кои ќе ги манифестираат вистинските љубители на Boom Bap звукот ќе бидат: Скопскиот DJ Drazi Drags и нашиот известувач од Кочани DJ Master G.
Ви пожелувам рапокалиптично тресење !