НЕ НАПУШТИ УШТЕ ЕДНА РАП ЛЕГЕНДА - ПОЧИНА ПРОДИЏИ ОД MOBB DEEP

НЕ НАПУШТИ УШТЕ ЕДНА РАП ЛЕГЕНДА - ПОЧИНА ПРОДИЏИ ОД MOBB DEEP


Тажен ден за хип-хоп светот. 

Не напушти уште една рап легенда, почина членот на легендарното њујоршко дуо Mobb Deep - Prodigy. Веста е сеуште свежа и одекна како бомба по интернетот откако Nas на својот инстаграм профил објави слика од него со натпис „Почивај Во Мир“. 

Queensbridge легендата Продиџи почина на 42 години, откако бил хоспитализиран веќе неколку денови во болница во Вегаз поради влошена состојба од неговата болест што ја имаше уште од неговото раѓање, анемија.

Врвот на својата кариера ја доживеа во средината на 90-те и  раните 2000-ти години заедно со неговиот партнер Хавок со кој издадоа неколку албуми класици кои ќе останат вечно во звучниците на сите вистински хип-хоп глави, а имаше и доста успешна соло кариера каде издаде и неколку успешни соло албуми. 

Неговиот лик и дело никогаш немада бидат заборавени, и сите вечно ќе го памтат Кралот од Квинс и еден од најдобрите Њујоршки емсиња ! 

„Scared to death, scared to look they shook.  'Cause ain't no such things as halfway crooks“

PRODIGY ПОЧИВАЈ ВО МИР !  MOBB DEEP FOREVER! 

Аматерска снимка од последниот настап на Продиџи пред неколку дена во Вегаз заедно со Хавок на бината: