ПРИЛЕПСКИ ALL STAR ХИП-ХОП РЕПРЕЗЕНТ

ПРИЛЕПСКИ ALL STAR  ХИП-ХОП РЕПРЕЗЕНТ


Прилеп викендов дефинитивно ќе доживее хип-хоп земјотрес кога е во прашање рап музиката и развивањето на оваа кулутра во овој град.

Во Домот на Култура - Марко Цепенков, овој викенд, сабота - 29ти Април со почеток од 21:00 часот, најдобрите прилепски рап артисти ќе одржат целовечерна журка полна со настапи и презентирање на нови ствари.

Вечерта со свој настап all star составот ќе биде следен: Рибио, Ел Борачо (Tha Titanium), Дејви (Македонски Синови), Станица 048, Скипи (Ударна Формација), Мурго и Bikyo (Црна  Хроника) заедно со ДЈ Мамли кој ќе биде цела вечер зад грамофоните.

Исто така ке биде презентиран и најновиот видео запис кој прилепските мајмуни го поклонуваат на градот херој! ПИВО РАП и добри ШУТКИ, забавата е загарантирана. Прилеп ве очекува во летната галерија на Марко Цепенков! ПРИЛЕП Е ПОВТОРНО ОБЕДИНЕТ.

Влез : Бесплатен. ПС. ќе има и  Open Mic за сите шо се жедни и спремни.

https://www.facebook.com/events/1030386637106228