ПРОМОЦИЈА НА КОМПИЛАЦИЈАТА БОНТОН НА РАП ТОН (МКЦ - БИФЕ СКОПЈЕ)

ПРОМОЦИЈА НА КОМПИЛАЦИЈАТА БОНТОН НА РАП ТОН (МКЦ - БИФЕ СКОПЈЕ)


Оваа сабота 4ти Март во МКЦ - Бифето (Кино Фросина) Скопје, ќе се одржи промоција на хип-хоп компилацијата наречена „Бонтон На Рап Тон“.

https://www.facebook.com/events/245343009256624/?active_tab=discussion

Компилацијата е под организација на Перспектива Рекордс а самиот проект е замисла за колаборација со цел да се спојат повеќе рап групи и соло артисти од целата држава заедно со неколку продуценти во една целина која претставува на еден начин репрезент на Хип Хоп културата во Македонија.

На компилацијата се наоѓаат преку 15 артисти итоа : Бокса Битбокс, Столе, Конфликт, Скц, Хајпер 187/61, Аск и Царос, Пулс Екипа, Рап Позитив, Џз Бенг, Уличен Аспект, Дио, Триумф, Кољо, Патолошко Соединение, Шешич, Дј Славе.

На денот на промоцијата секоја рап група/соло артист ќе се претстави со својата трака од албумот. Албумот е во ограничено издание и истиот ќе можете да си го набавите на настанот по цена од 150 денари.

Локална поддршка на настанот ќе биде и ДЈ Дрази Драгс.

Почеток на промоцијата е 20:00 часот а влезот ќе биде бесплатен.