РАП СКИЛЗ МАКЕДОНИЈА - КУМАНОВО

РАП СКИЛЗ МАКЕДОНИЈА - КУМАНОВО


Бетл лигата продолжува и понатаму со организирањето на овој настан, па организаторите ги покануваат сите кои што може да дојдат на лице место настанот за наредниот евент кој што ќе се одржи во Куманово.

Датумот е 2 Април (недела) а местото е Версус Бар со почеток од 15:00 часот.

Влезот за овој настан ќе чини 100 денари со објаснување од самата организација на Рап Скилз Македонија дека немаат никаков приход од страна, па со цел да продолжи да се реализира проектот, на настаните ќе се наплаќа карта по симболична цена. Со тоа ќе се покријат трошоците за опрема, камера и монтажа, а исто така и за понатамошно промовирање на лигата.

На овој евент натпреварувачи ќе бидат:

Судии низ целиот настан ќе бидат:  Twister (Герила) NBK (Герила) ДЈ Дрази Драгс, Нешо (Avtorizacija) и Кртот.

Организација - Јордан Иванов (Спит), водител на настанот - Небојша Милосављевиќ (Небо), слики - Петар Видоевски (Перо) и на грамофоните Марко (Ортографија).

Заокружете си го 2 Април во вашите календари и НЕ ПРОПУШТАЈТЕ !