РАП СКИЛЗ МАКЕДОНИЈА - MAYDAY (КЛУБ ХАВАНА)

РАП СКИЛЗ МАКЕДОНИЈА - MAYDAY (КЛУБ ХАВАНА)


На 20ти Мај во Летна Хавана со почеток од 19 часот ќе се одржи промо настан кој не смеете да го пропуштите !

Организацијата на Рап Скилз Македонија го организира петтиот по ред, а воедно и најголем battle rap настан до сега кај нас под наслов - MAYDAY што всушност значи повик за спас (distress call).

За суштината на културата да се зачува и таа да продолжи да постои за тоа што е наменета има потреба од помош. За таа цел 12 артисти (5 битки) ќе си ги одмерат силите и ќе покажат што знаат и умеат, преку форматот на претходно напишани акапела текстови.

На настанот за прв пат ќе се појават и гости од Бугарија, а исто така агендата е збогатена и со повеќе диџеи сетови.

Бетлерите кои ќе се натпреваруваат меѓусебно се следните:

Кртот vs. Кискинов (Дивизија) / Ноце vs. Влади (Ортографија) / MD Beddah vs. ПРИМ - Бугарија / Данда vs. Фетус - првиот женски бетл  и Lux Kmala & Лас Веѓас (Рап Позитив) vs. Кољо & ЈАСмин (Drunk Flow) - првиот комплимент бетл.

ДЈ екипата која ќе рока низ целата вечер е следната: Страјк, Оки Доки, Дрази Драгс, Попај и Марко Ортографија.

Многу битно да се напомене е дека овој настан е од промо карактер, и на овие бетлови нема да има судии.

Влезот за овој настан ќе чини 100 денари.  Букирајте го 20ти Мај во вашите календари и означете го летниот клуб Хавана како ваша дестинација за тој ден, а во меѓувреме погледнете го и промо видеото за овој настан: 

Beat By - Скитара.

Организација - Јордан Иванов (Спит), Владислав Гавриловски (Влади) и Кискинов. Водител и на овој настан ќе биде Небојша Милосављевиќ (Небо). Дизајн на постер: Мартин Ковачки (Марков).