РОДЕНДЕНСКА FUNK SHUI NIGHT ВО МКЦ !

РОДЕНДЕНСКА FUNK SHUI NIGHT ВО МКЦ !


Утре 30ти Март во Скопје, во МКЦ, по повод 7 годишнината од постоењето на Funk Shui радиото кое е базирано во Прага, и чиј архитект е нашиот ДЈ Димитри од Чаир (Пикисипи САФ), ќе се одржи целовечерна хип-хоп забава за сите хип-хоп љубители, мераклии, џумбушлии и останати љубители на добрата музика.

Вечерта ќе има богата програма меѓу што и : b-boy battle натпревари, Видео Сет на ДЈ Гоце (САФ), лајв настапи на Дј Димитри од Чаир со  Тонио Сан, Кемп ОД, Видо & Мрци (Последна 45ка), оpen mic session и уште многу други збиднувања.

Почетокот е од 20:00 часот, а влезот ќе чини 150 денари, а од организацијата на овој настан напоменуваат дека картата купена за овој настан ќе биде валидна и за after-party забавата која продолжува во Капан Ан истата вечер, со што им обезбедуваат на сите хип-хоп мераклии целовечерен хип-хоп провод.

Во Капан Ан истата вечер ќе ве очекува BOOM BAP / ALL STAR HIPHOP FLAVAZZ DJ составот: Дрази Драгс, Страјк, Оки Доки, Чваре и Илич.

Не ја пропуштајте оваа одлична забава ! 

Повеќе инфо на линкот: https://www.facebook.com/events/195190990978528/?active_tab=about