CYPRESS HILL - INSANE IN THE BRAIN (360VR LIVE ВИДЕО)

CYPRESS HILL - INSANE IN THE BRAIN (360VR LIVE ВИДЕО)


Легендарната олд скул west-coast група Cypress Hill во моментов е на светска турнеја по повод 25 години од нивното оформување како бенд.

Исто така пред некој ден прославија уште еден јубилеј а тоа е 23 години од издавање на нивниот најпознат и најпродаван албум, а воедно и еден од најдобрите во историјата на хип-хопот, Black Sunday.

По повод тоа, на нивната официјална фан страна објавија многу кул видео од настап во живо на нивната најпретставителна  и легендарна песна „Insane In The Brain“. Но ова видео не е обично видео од настап во живо, туку е снимано со камера која му овозможува на гледачот да го види настапот во 360 степени и да се чуствува дека е таму на самиот настап. Многу кул ствар, која само со десниот клик од на маусот кога ќе ставите full screen на видеото можете да го движите вашиот поглед на настапот и да се се осеќате тотално како да сте на истиот (само што не можете да се шуткате (: )

Како и да е, им посакуваме на B Real, Sen Dog i Dj Muggs да си дочекаат и 50 годишен јубилеј проследен со многу настапи и албуми - to come, а на вас оставаме да го погледнете ова закон видео на линкот подолу: