ДАЗ ФЛОУ ФТ. ДЕНИЦИЈА - КИДАВЕЛА (ВИДЕО)

ДАЗ ФЛОУ ФТ. ДЕНИЦИЈА - КИДАВЕЛА (ВИДЕО)


Интересно видео беше објавено вчера од страна на скопскиот рап артист Daz Flow на неговиот ју-туб канал кое вреди да се погледне. 

Во лабава атмосфера, директно од островот Малта, на one-take видео во соработка со женскиoт вокал на Дениција и нејзината акустична гитара, направија одлична лајв соработка. 

Траката е со наслов „Кидавела“, која ги опфаќа гастарбајтерските погледи на овие двајца артисти и судбината на повеќето млади луѓе кои потрагата по подобар живот и кешот решиле да ги бараат надвор од оваа наша држава . Музиката и текстот се на Daz Flow и Дениција, а зад камерата е Игор Чаче.

Погледнете го видеото на овој линк: