ДИВИЗИЈА - ШО БИА? (ВИДЕО) + ПОКАНА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ВТОРИОТ АЛБУМ!

ДИВИЗИЈА - ШО БИА? (ВИДЕО) + ПОКАНА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ВТОРИОТ АЛБУМ!


Дивизија, денес во етер, поточно на нивниот официјален ју туб канал го пуштија вториот спот од албумот Стереотип, кој својата промоција ќе ја доживее идната сабота. 

Песната носи наслов "Шо Биа?" и е една од водечките траки на албумот. За аудиото се има погрижено матичниот продуцент на групата т.е Кискинов, додека мастерингот е на Гоце Саф. За видео продукцијата задолжени биле Владислав Гавриловски и Владимир Станкович

Видеото ќе можете да го погледнете под содржината, а промоцијата на албумот ќе се одржи идната сабота (19.11.2016) во клубот Индустриал - Струмица со почеток од 20 часот.

Позади грамафоните ќе стои Dj Popeye од Авторизја. Дискот промотивно ќе изнесува 200 денари. 

Доколку сте во можност повелете да се издружиме, а воедно и да ја проследиме промоцијата на вториот албум на Дивизија.