ЏОЛЕ (ТОКСИКОЛОЗИ) - ТОА ШТО ЌЕ ПОСАКАМ (ONE SHOT ВИДЕО)

ЏОЛЕ (ТОКСИКОЛОЗИ) - ТОА ШТО ЌЕ ПОСАКАМ (ONE SHOT ВИДЕО)


Свежа ствар и од студиото на Токсиколози, односно од нивниот член Џоле беше промовирано во етер деновиве.

Се работи за негова нова соло трака „Тоа Што Ќе Посакам“ за која изработи и интересен one shot видео запис.

Видеото е снимено од страна на Кристијан Теодоров, а видео едитот е на Кристијан Манчевски. Додека пак за инструменталот се погрижи Иван Костадинов - Панда, а за миксот и мастер се потруди Дамјан Дамески.

Од Токсиколози велат дека завршија со промоција на песни и видеа од нивниот албум „Пушти глас!” и дека се спремаат уште неколку нови ствари кој ќе ги промовираат во периодот што следи, а до тогаш погледнете го новото видео на Цоле и уживајте: