ГЕРА И ЉУШЕВ - ТЕТ А ТЕТ (ВИДЕО)

ГЕРА И ЉУШЕВ - ТЕТ А ТЕТ (ВИДЕО)


Гера и Љушев денес ја објавија новата песна "ТЕТ А ТЕТ" на официјалниот youtube канал на "Сектор А Продукција" www.youtube.com/c/sectoraproduction

Се работи за новиот рап проект на "Сектор А Продукција" во соработка со "Rewind Production" овој пат со симптоматичен звук за крајот на 80-те почетокот на 90-те години.

Остри и без влакна на јазик. Лирики изведени со трагикомичен стил на нивниот матичен богдански (југоисточен) дијалект.

Музиката и аранжманот се изработени од Демерџиев Александар - Гера и Горѓи Вацев. 

Музиката и вокалите заедно со видео записот се снимени во јануари 2016 година во "Rewind Production" каде што и е работен миксот и мастерингот и комплетната постпродукција за видео записот.