КУП ДЕ ГРАС - 21 ГРАМ (ВИДЕО)

КУП ДЕ ГРАС - 21 ГРАМ (ВИДЕО)


Скопското рап дуо - Куп Де Грас (Атанаско и Венко) денес го промовираше своето прво видео за новата трака „21 Грам“.

Траката е целосно продуцирана (инструментал / микс и мастер) од страна на Даре ДТ / Соулментал.

Видео обработката на овој спот е на Тоди ДТ и Бренсис.

Додека момците од Куп Де Грас работат на своето прво EP кое е во најава со наслов „Пактот Волчји“, уживајте во спотот и траката која ќе се најде на овој албум.