ЛЕГИЈАТА - ЧОВЕЧКИ ОТПАД (ВИДЕО)

ЛЕГИЈАТА - ЧОВЕЧКИ ОТПАД (ВИДЕО)


Најнов сингл беше вчера промовиран од скопскиот рап состав Легијата.

Се работи за нова трака за која имаат изработено и фото видео исполнето со различни фотографии од локации ширум Македонија.

„Човечки Отпад“ е името на новиот сингл, а истиот е продуциран од Ненад Стефановски - Foolish Green Music. Миксот и мастерингот се на ДЈ Гоце (САФ) и Ненад Стефановски во Bootlegz Basement Lab, а скречовите на Страјк.

На траката се појавуваат Tonyo San, ЛД Пистолеро и Да Џака Накот.

Видео обработката е на Гоце Наумовски а фотографиите во видеото се на Дарко Новевски.

Погледнете го видеото на линкот подолу: